Отворен дијалог за Законот за здруженија и фондации

...

 

Фондација на заедницата - Штип

Што е фондацијата на заедницата?

 

Младински активизам

Клуб за Локални младински иницијативи - Штип

MKD

|

ENG

За Нас PDF Печати Е-пошта

Фондацијата за развој на локалната заедница- Штип е формирана во декември 2006 година како правен наследник на Центарот за поддршка на НВО - Штип.

Визија

Визија на фондацијата е да креира активен граѓански сектор кој ќе придонесе за развој на современото општество втемелено на социјална правда и еднакви можности за сите граѓани.

Мисија

Фондацијата за развој на локалната заедница ќе работи на создавање на услови за одржливост на граѓанскиот сектор преку градење на институционалните капацитети и поттикнување на локалната филантропија.

Развивање на знаењето, вештините и способностите на граѓанскиот сектор за идентификување на специфичните потреби на заедницата и нивно адресирање кај надлежните фактори.

Мобилизирање на граѓаните за нивно поголемо влијание во процесите на донесување на одлуки во услови на децентрализација.

Создавање на услови на одржливост на граѓанскиот сектор преку поттикнување на локалната филантропија и промоција на законските можности.

Стратешки цели

- Зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во процесот на креирање и имплементација на јавните политики;

- Воспоставување ефективни партнерства помеѓу актерите во локалната заедница за поделена одговорност во развојот на заедницата;

- Зајакнување на демократските процеси во локалната заедница.

Програмски области

    1. Програма за градење на институционални капацитети.
    2. Програма за партнерства во заедницата и локалната демократија.
    3. Програма за филантропија.

 

Програмски цели:

  • Јакнење на институционалните капацитети на граѓанскиот сектор за поголемо вклучување во процесот на креирање на јавни политики и донесување одлуки;
  • Јакнење на институционалните капацитети на новоизбраните општински совети и промоција на принципите на добро владеење;
  • Поддршка на младински активизам за нивно поголемо вклучување во општествените случувања;
  • Промоција на активен граѓански сектор, вклучување и учество во развој на заедницата;
  • Следење на работата на институциите во насока на подобрување на нивните услуги кон граѓаните;
  • Развивање на локалната филантропија преку Фондација на заедницата.

Фондацијата ќе соработува со други организации, домашни и од странство, кои работат на оваа проблематика во размена на знаења, искуства, добри практики. Со домашните организации посебно ќе соработува и ќе се залага за координиран настап во промоцијата на корпоративната одговорност.

Во декември 2006 година, Центарот за поддршка на НВО - Штип се регистрира како нов правен субјект - Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип.

Центарот за поддршка на НВО Штип е формиран во Aприл 2002 во рамките на проектот "Институционален развој на НВО: Центри за поддршка на НВО во Прилеп, Велес Штип и Кичево". Проектот имаше за цел да се зајакне улогата на НВО секторот надвор од главниот град, преку обезбедување на услуги за НВО, воспоставување на соработка помеѓу НВО, како и помеѓу НВО и локалната самоуправа, медиумите и приватниот сектор.

 

Календар

февруари 2012 март 2012
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29

Анкета

Дали е добар новиот изглед?







 

ФРЛЗ на Facebook

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Донатори

Присутни

Има 428 гости присутни
Фондација за развој на локалната заедница © 2012. Сите права задржани. Дизајнирано од Stamenik.com.