Во четврток (10.02.2011) во хотел Оаза од 11 часот ќе се одржи дебата за Законот за здруженија и фондации во рамките на проектот „Отворен дијалог за Законот за здруженија и фондации“ во имплементација на Фондација за развој на локалната заедница Штип. Се повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат на дебатата на која ќе бидат дискутирани обврските и предизвиците на законот.