Младинска банка

...

 

Фондација на заедницата - Штип

Што е фондацијата на заедницата?

 

Младински активизам

Клуб за Локални младински иницијативи - Штип

MKD

|

ENG

Скрши ги маските!! PDF Печати Е-пошта

IMG_2543
Сабота, 24.12.2011, улицата „Ванчо Прќе" блесна со нов шарм, доби изглед на голема театарска сцена. Петнаесетина млади активисти, членови на арт-клубот основан со проектот „Младинска независност"  поставија маски околу дрворедот долж улицата, а меѓу нив  пораките наменати за младите, во кои стоеја пароли и повик до сите млади да бидат независни, да бидат проактивни, да ги отстранат маските под кои морат да се кријат за да бидат прифатени од средината и да се изборат со апатијата и инфериорнаста на општеството кон младите.

Настанот претставува комбинација од мини флеш моб и инсталација под мотото "Биди ти, тргни ги сите маски". Започна со поставувањето на маските, во 10 часот- време кога улицата е најраздвижена, и продолжи со поставувањето на пораките меѓу маските, со пантонима која асоцира на отргнување од маската и покажување на „вистинското јас". На крајот, по поставувањето и на последната маска, ја избришаа маската од лицето и без израз,  се изгубија во толпата, секој на различна страна.IMG_2568

Целта на настанот е на креативен начин да се охрабрат младите да се оттргнат од своите идоли, да бидат оригинални, да се почитуваат себеси и да ги почитуваат разликите, да не ги премолчуваат своите потреби и да се активираат за унапредување на својата позиција во општеството.

Настанот привлече внимание меѓу случајните минувачи кои се чудеа на креатиноста на младите, меѓу другите млади кои ги прочитаа пораките, меѓу медиумите кои го проследија настанот преку нивниот објектив, обичните граѓани кои на моменти беа во дилема дали е новогодишно украсување на улицата или некој патувачки циркус приредува забава да им го разубави денот...

IMG_2578

 

Календар

мај 2013 јуни 2013
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали е добар новиот изглед?







 

ФРЛЗ на Facebook

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Донатори

Присутни

Има 96 гости присутни
Фондација за развој на локалната заедница © 2013. Сите права задржани. Дизајнирано од Stamenik.com.