|
Серија на дебати: Македонија и европските вредности

Четвртата и последна дебата од серијалот „Македонија и европските вредности“ на тема „Култура и спорт“ кој го организираат Фондацијата за развој на локалната заедница и Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се одржи на 25ти октомври (вторник) со почеток од 11 часот.
Дебатите имаат за цел да ги охрабрат студентите и сите учесници во академската заедница да дебатираат за теми коишто се значајни за развојот на високото образование и општеството, воопшто.
Дебатата ќе се реализира во Кампус 2 (Педагошки факултет), предавална „Парламент", според следнава агенда:
11.00 – 11.05 ч. - Презентирање на идејата, претставување на дискутантите и отворање на дебатата
11.05 – 11.20 ч. - Доц. д-р Кирил Барбареев
11.20 – 11.35 ч. - Пом. асс. Билјана Митеска-Попеска
11.35 – 11.50 ч. - Доц.Тони Китановски
11.50 – 12.30 ч. - Сумирање на дискусијата на воведничарите, отворање на дебатата, прашања од публиката
12.30 ч. - Коктел во студентското бифе на Кампус 2
Ги покануваме сите заинтересирани студенти и граѓани да се вклучат во дебатата. |